Форест Гамп, главниот јунак на филмската адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година, доби најмногу гласови. Филмот на Роберт Земекис од 1994 година се смета за класика на современата филмографија, а комичната драма, која изобилува со целиот спектар на разни емотивни превирања на Том Хенкс, го претвори во еден од најомилените актери во светот, чии цитати од филмот сè уште се прераскажуваат.

На второто место на листата Ранкер е Вуди, каубој од „Приказната за играчките“, додека на третото е Т-800, робот кој го игра Арнолд Шварценегер. Исто така во топ 5 се Дамблдор од Хари Потер и R2D2 од „Војна на вездите“.
По нив следуваат Леја Органа од серијалот „Војна на Ѕвездите“, Спајдермен, професорот Северус Снајп од Хари Потер, доктор Емет Браун од филмот „Враќање во иднината“ и Вито Корлеоне од „Кум“.

