Во тековниот, октомвриски број на списанието ELLE, ќе најдете моден едиторијал под наслов „Misfits“ кој ја покажува убавината и односот на младите генерации од сите раси и форми кои не само што ја прифаќаат нивната разновидност, туку и уживаат во неа. Ексклузивно за нас, креативната директорка Селија Арас и фотографот Рама Ли, покрај одличните фотографии, снимија и видео во кое можете да ги слушнете искуствата на моделот на тема различност.
