Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ефикасната 20-минутна програма за вежбање на Џенифер Лопез

Таа има 50 години и е најубавото тело во Холивуд. Џенифер Лопез очигледно има добри гени, но работи и многу напорно за да ги одржи пропорциите. Познато е дека Џеј Ло е љубител на фитнесот и за да остане во форма мора да тренира секој ден.

Всушност, латино-ѕвездата прави промени во својата програма за тренинг, изведувајќи бесконечни часови танцување и вежби кои комбинираат аеробик со зајакнување на мускулите. Нејзиниот партнер Алекс Родригез објави видео на каналот Youtube во кое накратко се опишува програмата за фитнес на пејачката и вежбите што таа ги прави.

Ова е 20-минутна програма, благодарение на што согорувате многу калории. Тренингот го вклучува целото семејство и додека пејачката многу се поти и се заморува, таа секогаш има добро друштво. Оваа сесија вклучува аеробични вежби и вежби за сила.

Што вклучува 20-минутна програма за фитнес?

400 метри брзо трчање
Сквотови со тегови (15 повторувања)
10 склекови
Вежби за рамо со тегови (15 повторувања)
Bent-over row – вежба за мускули на грбот (15 повторувања)

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement