Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

20 цитати од големиот писател: Тешко е да се пронајде Бог, но тоа не значи дека тој не постои – тоа е знак за неговата величина и за нашата слабост

Како мислител и писател, Лав Николаевич Толстој имал исклучително силно влијание врз Русија од неговото време. Додека бил сè уште жив, стекнал бројни следбеници, а неговите идеи ги прифатиле читателите ширум светот. Неговите дела неизмерно ја збогатија руската и светската литература.

Толстој важи за еден од најголемите романсиери во историјата на светската литература. Неговите идеи беа толку екстремни, а погледот кон светот беше толку отворен, што во времето на неговата смрт се формираше круг на следбеници кои создаваа колонии и го практикуваа неговиот начин на живот.

Затоа решивме да објавиме неколку цитати од овој голем писател:

1. „Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“

2. „Сè доаѓа во вистинско време за оној кој знае да чека.“

3. „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“

4. „Големите работи секогаш се едноставни и скромни.“

5. „Двата најмоќни воини се трпението и времето.“

6. „Секогаш мислиме дека луѓето нè сакаат бидејќи сме добри, но никогаш не помислуваме дека се добри оние кои нè сакаат.“

7. „Љубовта е живот. Сè што разбирам, го разбирам бидејќи љубам.“

8. „Кога сакате некого, ја сакате личноста која навистина е, а не личноста која вие би сакале да биде.“

9. „Изгубивме бидејќи си рековме себеси дека сме изгубиле.“

10. „Најголемите вистини се наједноставни.“

11. „Вистината, исто како и златото, се добива не со зголемување на количината, туку со отстранување на сè она што не е злато.“

12. „Еден од најголемите услови за среќа е врската меѓу човекот и природата која не смее да биде прекината.“

13. „Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото.“

14. „Грешката никогаш не може да биде поправена со грешка, а злото никогаш не може да биде протерано со зло.“

15. „Среќата не зависи од надворешните работи, туку од начинот на кој ние гледаме на нив.“

16. „Ако сакаш да бидеш среќен, едноставно биди.“

17. „Постои само едно време кое е важно – Сегашноста! Тоа е најважното време бидејќи е единственото во кое имаме некаква моќ.“

18. „Погрешното не престанува да биде погрешно бидејќи мнозинството учествува во тоа.“

19. „Секој би можел да живее прекрасно на овој свет, само ако знае како да работи и како да сака.“

20. „Искористи ги моментите на среќа, сакај и биди сакан! Тоа е единствената реалност во светот, сè друго е заблуда. Единствената работа за која сме заинтересирани е токму тука.“

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement