Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Погледнете како најбрзиот Голф два во светот лета со 340 км на час! (видео)

Собирот за автомобили на љубителите на тјунингот Race1000 неодамна собра неколку навистина брзи машини во Германија, а меѓу големиот број се тјунирани автомобили, каде најголемо внимание привлече навидум обичниот Golf 2.

Да, еден „буџетски аут“ стана убедливо највозбудливиот автомобил на настанот!

Голфот, на прв поглед, изгледа како добро сочуван млад-тајмер, а само подобрите познавачи ќе го забележат огромниот интеркулер зад предниот браник. Индикации дека не е сосема вообичаено, има голема издувна цевка и „roll cage” во кабината. Сепак, овој голф 2 е во состојба буквално да „јаде“ модерни супер-автомобили за појадок!

Безвременскиот хечбек, кој официјално е означен како Golf 2 R33 Turbo, под хаубата крие мотор со неверојатни 1.300 коњски сили, што е за „само“ 200 помалку од Bugatti Chiron.

Бројни модификации извршени на него, му овозможија да достигне брзина од неверојатни 340 километри на час во трката за забрзување до половина милја (804 метри).

Благодарение на овој резултат, овој „куршум на тркала“ стана најбрзиот Голф 2 во светот.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement