Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Мајка на сите грабежи: Крадци однеле марки и калиграфија вредни 516 милиони долари

Според сите пресметки, 2020 година е лоша година за сите…

Како и за нас така и за Фу Чунсијао, колекционер од Хонг Конг, на кого крадците среде бел ден му однесоа колекција марки и калиграфија, вредна 516 милиони долари. Полицијата во Хонг Конг моментално трага по тројцата мажи кои го извршија најголемиот грабеж во историјата на овој град, провалувајќи во неговиот стан. Украдената стока е во вредност од четири милијарди хонгконг долари и вклучува калиграфија на претседателот Мао Це Тунг, пет исклучително вредни стари марки, како и револуционерни предмети со потекло од копното на Кина.

Фу е член на здружението на филателисти во Хонг Конг, а тој бил во Кина кога разбојници влегле во неговата зграда, насилно отвориле железна порта и провалиле низ дрвена врата, рушејќи го неговиот стан. Според наводите, Фу го користел станот во Хонг Конг како магацин, а поради ограничувања на патувањето, не можел да оди во Хонг Конг и да даде официјална изјава во врска со грабежот.

Полициската истрага открила дека грабежот не изгледал како дело на професионалци. Според наводите, како што велат од полицијата, многу е можно разбојниците да добиле информација дека закупецот не е во градот и дека чува скапоцености во својот стан. Во моментот полицијата трага по две од трите лица кои беа видени на безбедносните камери додека излегуваа од зградата.

Не толку одамна, Фу организираше изложба на марки Мао Це Тунг во Хонг Конг, прикажувајќи повеќе од 200 вредни предмети од неговата лична колекција.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement