Големо британско истражување покажа дека секој петти маж би бил многу среќен да се врати во својата прва љубов. Згора на тоа, дури 20 проценти од машките испитаници отворено признале дека планираат враќање на првата љубов!
Истата студија открива дека жарот на првата љубов тлее многу повеќе кај машкиот пол – 14 проценти од испитаниците всушност стапиле во контакт со првата љубов за да се обидат да ја оживеат страста. Покрај тоа, еден од шест момци одржува редовен контакт со поранешните партнери.
Жените сакаат да се вратат кај бившите многу поретко, открива истражувањето, но четири од десет испитани жени се надеваат дека нивното поранешно момче ќе им се врати. Двата пола најчесто ги користат социјалните мрежи за да воспостават контакт со бившите.
