Пред точно 83 години, првото издание на книгата „Хобитот“ ја виде светлината на денот. Тешко дека постои човек некаде што не чул за Хобит, Господарот на прстените и нивниот творец. Затоа ви донесуваме пет интересни факти за кои можеби не сте знаеле за Џон Роналд Руел Толкин.
- Тој не е „обичен професор“
Како лингвист и експерт за староанглиска и старо норвешка литература, Толкин бил професор на Универзитетот во Оксфорд од 1925 до 1959 година. Тој исто така бил неуморен ментор. Тој држел помеѓу 70 и 136 предавања годишно (според договорот, 36 беа доволни).
Иако бил тивок и незабележителен во јавноста, Толкин не е типичен тивок професор кој дошол „да си го направи своето“. Најлудите приказни се поврзани со него: еднаш дојде на забава облечен како поларна мечка, а вториот пат бркаше сосед облечен како англосаксонски воин, со секира во раката, пренесува Ментал Флос.
Еден од неговите студенти изјави дека Толкин „има можност да ја претвори училницата во бар“.
- Тој сметал дека многу од неговите обожаватели се чудаци
Толкин се гледал себеси прво како научник, а дури потоа како писател. Хобитот и Господарот на прстените беа претежно обид на Толкин да изгради мит, а нивниот успех го привлече вниманието.
Тој поминал со години менувајќи ги и критикувајќи ги адаптациите на својата работа за кои не верувал дека најдобро ги прикажуваат „епскиот дух и благородната цел“ што тој ги имал за нив. Тој бил крајно сомнителен и кон повеќето обожаватели на „Господарот на прстените“, за кои верувал дека не се способни вистински да ценат нечија работа и труд.
- Тој имал сложена врска со К. С. Луис
Колегата на Толкин од Оксфорд, К. С. Луис (познат по пишувањето на Хрониките на Нарнија), честопати се нарекува најдобар пријател на Толкин. Сепак, нивната врска е многу посложена од тоа.
Точно, двајцата на почетокот беа многу блиски, дури толку многу што сопругата на Толкин, Идит, наводно била љубоморна на нивното пријателство и колку време поминале заедно. Исто така, Толкин го убедил К.С. Луис да се врати во христијанството затоа што бил атеист.
Нивната врска, сепак, полека станувала потенка, а нивната врска се комплицирала бидејќи на Толкин му пречеше фактот што Луис живее прилично скандалозен живот Иако никогаш повеќе не се вратија на старото, Токин жалел за старото пријателство.
Така, кога Луис починал, Толкин во писмото до својата ќерка напиша: “Досега се чувствував како старо дрво кое ги губи сите свои лисја еден по еден. Ова изгледа како удар со секира во близина на коренот”.
- Тој ги измислил јазиците за забава
Како што утврдивме, занаетот на Толкин е филологија. Умот го држеше „во форма“ измислувајќи разни јазици, од кои некои многу ги користел во своите книги (како што се самовилските јазици – Квенја и Синдарин), па дури и пишувал песни на тие измислени јазици.
Покрај тоа, Толкин работел на реконструкција и пишување на изумрени јазици како што се средновековните велшки и лонгобардски. Неговата поема „BagmÄ“ BlomÄ (Цвет на дрвјата) може да биде првото оригинално дело напишано на готски јазик во последните илјада години.
- За Хитлер рекол дека е „ѓаволскиот мал неук“
Академските списи на Толкин за старонордиската и германската историја, јазик и култура беа исклучително популарни меѓу нацистичката елита, кои беа опседнати со повторното создавање на античката германска цивилизација.
Сепак, Хитлер и неговиот тим биле згрозени од Толкин, а тој тоа воопшто не го криел тоа. Тој дури размислувал и да го забрани германскиот превод на „Хобит“ откако германски издавач, во согласност со нацистичкиот закон, побарал од него да потврди дека е „ариев“.
Наместо тоа, тој напишал грубо писмо во кое рече дека му е жал што нема еврејски предци. Писмото што му го напишал на својот син сведочи и за неговите чувства.
„Имам лични непријателства во оваа војна – што веројатно ќе ме направи подобар војник на 49 години отколку што имав на 22 години. Станува збор за тој ѓаволски мал игнорамус Адолф Хитлер. Тој го уништува, изобличува и погрешно го претставува тој благороден северен дух што го сакам и се обидувам да го претставам во вистинско светло “, напишал Толкин.
