Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Облечете се во ретро стилот на Bianca Jagger во 1978-ма година!

Повторете го изгледот на иконите на стилот од 70-тите!

Бјанка Џегер е икона на стилот од 70-тите. Актерката и поранешна сопруга на Мик Џегер, а сега активист за човекови права, го отелотворуваше слободољубивиот дух од таа ера: таа ја носеше косата пуштена, претпочиташе смокинг (дури и на нејзината венчавка!) и танцуваше до утрото на забавите во познатиот ноќен клуб “Студио 54 “.

Џегер често носеше панталони и кошули и сè уште е верна на овој стил – 75-годишната легенда сè уште може да се види во првите редови на важните модни ревии во бел или црн смокинг.

Летото е при крај, така што сезоната на бели костуми заврши, затоа ве советуваме да повторите еден од стајлинзите на Бјанка Џегер, но во црно.

Ги собравме сите потребни работи за да не губите време за пребарување. Носете машка црна јакна над елегантна бела блуза со црна машна. Додадете во комбинацијата лежерни панталони и, конечно, чизми – го избравме трендовиот модел Jil Sander, инспириран од џокеи (патем, еден од главните трендови оваа есен).

Сега сте подготвени да освоите најзабавни забави во дискотека!

CHLOE
SANDRO PARIS
BOTTEGA VENETA
JIL SANDER

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement