Прекрасна, модерна и неодолива фризура е целта на прилично голем број жени. Токму поради оваа причина, за да изгледате модерно и неодоливо, ви донесовме десет феноменални фризури кои можете да ги испробате.
Кратка и неуредна
Кратката коса секогаш може да изгледа многу модерно, а еден начин да го постигнете тоа е малку да ја разбушавите. Ова е стил кој одговара на секоја дама, а тоа ќе го постигнете со нежно извртување на косата и користење на мус за коса.
Прекрасна плетенка на страна

Ние сме навикнати на традиционални плетенки, каде косата се зема во опашката и се плете. Сепак, оваа есенска сезона, изгледајте неодоливо со тоа што ќе се одлучите за модерна плетенка на страна, која треба да ја зацврстите со шноли на долниот дел.
Натапирана опашка

Ова е стил кој никогаш не исчезнува, идеален е за многу долга коса, а опашката да изгледа многу луксузно и гламурозно, оваа есенска сезона ќе биде доволно само малку да ја натапирате.
Сплетена пунџа

Пунџата е стил што одговара на сите свечени прилики, од роденденски забави до свадби, а оваа есенска сезона, одберете се за стил кој е малку необичен, но многу привлечен – плетена пунџа.
Ниска пунџа со украсна лента

Ниската пунџа е секогаш популарен и модерен стил кој одговара на многу прилики, а добивате уште помодерно и попривлечно издание кога ќе го „збогатите“ со украсна лента што може да го дефинира вашиот целосен стил.
Ниска полу-пунџа

Кога станува збор за лежерни и опуштени прилики, еден од стиловите што можете да изберете е ниската полу-пунџа. Овој модерен бохо стил се рефлектира во фактот дека дел од косата се собира во пунџа под која влакната на косата паѓаат прилично слободно.
Плетенка на Елса

„Frozen“ е цртан филм што сигурно сте го гледале, а многу привлечната и модерна фризура, особено ако имате долга коса, ќе ја добиете кога ќе направите плетенка заснована на фризурата на принцезата Елса – богата и луксузна плетенка што се пренесува настрана.
Цврста круна од плетенка

Не, не мора да изберете круна, во вистинска смисла на зборот, за да се чувствувате како вистинска кралица оваа есенска сезона – доволно е да направите фризура во тој стил, а една од најубавите е дефинитивно тесната плетенка завиткана околу главата, прицврстена со шноли, давајќи впечаток дека имате круна.
Елегантна пунџа

Секако ќе има барем една можност оваа есенска сезона кога ќе ви треба малку поелегантен стајлинг, и не заборавајте да го комплетирате со фризура. Елегантната ниска пунџа е секако еден од стиловите што вреди да се испроба и е идеален за сите свечени прилики.
Лабава полу-плетенка

Некаде помеѓу плетенката и опашката, можеме да кажеме дека ни доаѓа лабава полу-плетенка. Дел од косата е врзана во лабава плетенка, која е прицврстена одвнатре со шноли, а остатокот од косата паѓа ноншалантно преку рамената. Идеално за лежерни прилики и дами кои имаат полу-долга коса.
