Знаевме дека мајчиното млеко е најдобриот избор за храна за бебиња, но моделот Џоди Тарнер-Смит во интервју за Вог откри уште една од неговите нови и многу интересни цели. Имено, таа призна дека става издоено млеко во серумите на лицето, кои се користат за подмладување и нега. Имено, 34-годишната манекенка и мајка на 4-месечното девојче Џанаи, како што рече, најпрво темелно го чисти лицето, а потоа на кожата ѝ става серум базиран на алое вера, на кој му додава – сопственото млеко.
Иако на некои им изгледа чудно, за дематолозите, сепак, позитивниот ефект на мајчиното млеко не е изненадување. Д-р Стивен Виктор, дерматолог од Виктор центарот за регенеративна медицина во Њујорк, изјави за Today.com дека мајчиното млеко содржи хормони и антиинфламаторни состојки кои се добри за кожата и ја прават понежна и поздрава.
