Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сѐ за „активистичкиот“ црвен кармин кој го претстави Мишел обама

Поранешната прва дама на САД ги здружува силите со брендот за козметика „The Lip Bar“ и непрофитната организација „When We All Vote“ во одлична „политичко-козметичка“ акција.

Течниот кармин наречен „The Bawse Voter“ има мат-црвена нијанса, чини 15 долари, а 40 проценти од приходите од нејзината продажба се наменети за организацијата „When We All Vote“, чија цел е да се зголеми одзивот на гласачите на изборите во САД.

Произведено е од брендот „The Lip Bar“ познат по веганска шминка за сите бои на кожата, во ограничено издание од само 500 парчиња, а за да го купите, потребно е да се регистрирате на веб-страницата на претседателските избори во САД, што ќе се одржат на 14 декември.

Мишел и членовите на здружението се обидуваат да ги мотивираат американските жени и мажи да излезат на гласање во голем број и можеби благодарение на нејзината популарност тие ќе успеат. Откако поранешната прва дама на САД се појави на Националната конвенција на демократите облечена во ѓердан од марката Bychari со натпис „Гласај“, во последниот час од конвенцијата тој стана најгугланиот термин за пребарување во Америка!

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement