Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Што открива БОЈАТА на омилениот кармин за вашиот карактер?

Без оглед на тоа дали често ја менувате бојата на карминот, претпоставуваме дека имате свој фаворит.

Сите жени имаат боја што сакаат да ја носат во секоја можна пригода. Дали знаевте дека бојата на карминот што ја користите зборува многу за вашата личност?

Еве што вели вашиот кармин за вас:

Црвен кармин

Црвениот кармин е знак на моќ и сила, а жената што ќе го избере зрачи со самодоверба скоро секој ден и знае што сака. Таа се држи за себе и не се плаши од лоши коментари, но во интимни врски може да биде остра и студена.

Светло розев кармин

Жените кои најчесто избираат светло розеви кармини се разиграни девојки кои сакаат да ја истакнат својата романтична страна. Тие мудро и смело ја играат картата на женственоста и сакаат кога ги сметате за слатки и нежни.

Кармин во боја на месо

Кармин во nude боја го обожаваат класичните жени кои знаат што добро им одговара и не сакаат да претеруваат со експерименти. Тие се практични, организирани и не сакаат да губат драгоцено време на непотребни работи.

Темно розов кармин

Веселите и ведри девојки често со задоволство избираат фушија кармин, кој совршено ја нагласува нивната пенлива личност. Тие сакаат да бидат во тренд и да добиваат комплименти заради нивниот изглед.

Вино боја кармин

Темно црвениот кармин, односно карминот во боја на вино, за секој ден, е навистина смел избор што може да прикрие и некои скриени фрустрации. Често е прв избор наесен, и на оние кои го сакаат гранџ стилот.

Кафеав кармин

Жените кои се посветени на кафеавиот кармин сакаат малку старомодни, ретро работи и воопшто не се справуваат со трендовите. Тие дури и не го сакаат тоа.

Портокалов кармин

Светла боја за весели девојки. Жените кои се наклонети кон портокалови кармини, сакаат да внесуваат спокојство секој ден со ситници. Тие се духовити, оптимисти и сакаат да експериментираат.

Виолетов кармин

Виолетовиот кармин укажува на храбри жени кои не се плашат од новини и кои сакаат да привлекуваат внимание со својата оригиналност. Меѓутоа, ако го носите секој ден, можеби малку премногу ги следите трендовите и копнеете да изгледате секогаш модерно.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement