Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

СПИЕТЕ БАРЕМ ДЕВЕТ ЧАСА НАВЕЧЕР НО ПОТОА СПИЕТЕ И ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ? Ви се заканува злобна болест, мора да престанете да го правите тоа!

Спиењето подолго од девет часа во текот на ноќта и дремењето повеќе од 90 минути во текот на денот може да го зголеми ризикот од мозочен удар, покажуваат последните истражувања.

Истражувањето е спроведено во Кина, при што биле испитани 31.750 лица со просечна возраст од 62 години, а резултатите биле објавени во странско списание.

Студијата покажа дека шансата да добиете мозочен удар кај луѓе кои спијат подолго од девет часа е 23 проценти поголема од оние кои спијат седум до осум часа. Исто така, ризикот од мозочен удар кај луѓе кои редовно дремнуваат повеќе од 90 минути во текот на денот е 25% поголем од оние кои спијат максимум еден час или воопшто не спијат.

Истражувањата исто така покажуваат дека оние кои спијат подолго од девет часа во текот на ноќта и повеќе од 90 минути во текот на денот имаат 85% поголем ризик од мозочен удар.

За време на студијата, здравствената состојба на испитаниците била следена шест години, а во тој период, 1.557 од нив претрпеле мозочен удар.

Шаомин Занг, од универзитетот Хуазонг, вели дека овие резултати укажуваат на тоа дека се потребни дополнителни истражувања за поврзаноста на долгиот сон и ризикот од мозочен удар. Тој додава дека претходните истражувања покажале дека оние кои долго спијат во текот на ноќта или денот имаат несакани промени во нивото на холестерол.

– Покрај тоа, долгиот сон во текот на ноќта и дремењето преку ден може да укаже на генерално неактивен начин на живот, што исто така може да биде поврзано со зголемен ризик од мозочен удар – истакнува Шаомин.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement