Жолтата боја секогаш се поврзува со летната сезона.
Потсетува на топлите зраци на сонцето, носи ведрина и добро расположение и изгледа совршено на бронзена кожа.
Жолтите фустани беа многу популарни ова лето, а тоа го докажуваат и бројни инфлуенсери кои позираа во разни модели. Во колекциите на најпознати модни брендови видовме и жолти фустани, а high street брендовите ги претставија и своите модели, па жолти фустани ќе најдете за крајот на ова лето во Зара, Х & М, Манго.
Од poofy ракави и детали во форма на машни, до цветни принтови и невообичаени деколтеа, има безброј модели за избор. Во топлите денови, комбинирајте ги со бела кожа или рафија, а кога температурите ќе паднат, жолтиот фустан ќе изгледа совршено со масивни чизми и кожна јакна.
Ги разгледавме колекциите на модни брендови и пронајдовме модели што сè уште можете да ги добиете ова лето, а можете да ги откриете во нашата галерија.















