Според извештајот на Генералното здружение на германската осигурителна индустрија (ГДВ), минатата година биле пријавени украдени 14.229 автомобили со сеопфатно осигурување!
Штетата е еднаква на околу 280 милиони евра.
Повторно беа популарни џипови. Конкретно, втората генерација на BMW X6 беше мета на многу крадци. Интересно е и тоа што на списокот на топ 10 има пет модели на Тојота.
Десет автомобили кои најмногу се крадат:
1) BMW X6 2-та генерација
2) Land Rover Velar 1-та генерација
3) Mazda CX-5 2-та генерација
4) Lexus CT200 1-та генерација
5) Тојота Приус + 1-та генерација
6) Land Rover Range Rover 3-та генерација
7) Lexus NX 1-та генерација
8) Рено Талисман 1-ва генерација
9) Тојота GT86 1-та генерација
10) Тојота РАВ4 4-та генерација
Забележливо е и дека крадците краделе помалку нови автомобили, а наместо тоа повеќе возила стари меѓу две и три години, објаснува ГДВ.
Причината за ова, според експертите, е претпоставката дека многу понови модели нудат подобра заштита од кражба.
За возачите на автомобили, исто така, постои позитивен тренд објавен од ГДВ, а тоа е дека бројот на кражби на автомобили во Германија се намалил во 2019 година.
Интересно е тоа што автомобилите на Фолксваген главно се крадат во Хрватска, а на прво место е Голф!

