Чоколадниот рај доби нова адреса!
Правејќи го она што најдобро го прават, Линдт е целосно подготвен да ги отвори вратите на нивниот музеј – ДHome of Chocolate, кој ќе биде посветен на нивната историја и производство. Дизајниран од архитектонско студио од Базел, Крист и Гантенбајн, овој мултифункционален објект е, сам по себе, спектакл, благо речено.


Музејот се наоѓа во Килшберг и содржи мултимедијални и интерактивни изложби, истражувачки центар, изложбен салон, како и најголемата продавница за чоколади „Линдт“, кафуле „Линдт“ и чоколатерија на Линдт за вистинските љубители на овој деликатес. Шлаг на тортата од целата приказна е огромна фонтана за чоколадо, висока над девет метри, која се наоѓа на самиот влез во зградата.



Тука, посетителите ќе можат да го истражат целиот универзум на слатки, каде што ќе можат да научат како да работат со чоколадо и да создаваат свои ремек-дела, со дегустација на домашни вафли и бројни други специјалитети. Овој музеј ги отвора вратите на 13 септември.
