Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тиква, сладок компир, калинка: 7 топли салати за есен од сезонски намирници (РЕЦЕПТ)

Есента е богата со најубави сезонски плодови. Свеж зеленчук и овошје ви овозможуваат да експериментирате, да ги покажете вашите кулинарски вештини и да подготвувате разни салати богати со витамини и минерали.

Еве седум едноставни рецепти за есенски салати кои се подготвуваат низ целиот свет.

КАЛИНКА + ТИКВА + АВОКАДО
Печете ги парчињата тиква во рерна на 200 C, а потоа во сад комбинирајте ги авокадото, семето од калинка, руколата, оревите и ф’стаците. Подгответе прелив од маслиново масло и оцет со капка сок од лимон.

КОМОРАЧ + ПОРТОКАЛ + ЦРВЕН КРОМИД
Печете коморач во рерна. Исечете ја пулпата на црвениот портокал на парчиња, а црвениот кромид на прстени. Комбинирајте со коморачот и послужете со слатко кисел сос , маслиново масло и морска сол.

КОМПИР + ГРАВ + КИНОА
Испечете компири и боранија, а потоа промешајте ја во нив зготвената киноа. Додадете семки од тиква и авокадо. За сос, комбинирајте оцет од црвено вино, маслиново масло, сенф, морска сол и свежа мелена пиперка.

СМОКВИ + ПРШУТА + БУЛГУР
Згответе го булгурот, а потоа додадете куркума, сол и бибер. Булгурот е храна од житни култури, направена од мелени, варени зрна од разни видови пченица, најчесто тврда пченица. Во сад, комбинирајте смокви, пршута, црвен кромид, фета сирење и ф’стаци. Послужете полеано со прелив од мед, маслиново масло и оцет.

ЛЕЌА + БЛАГ КОМПИР + СИРЕЊЕ
Испечете го благиот компир и сварете ја леќата. Измешајте ги состојките заедно со додавање на динстан кељ и парчиња фета сирење. Послужете со маслиново масло, соја сос и капка мед.

КАРФИОЛ + ФАРО (ЖИТАРКИ)
Печете го карфиолот на скара, а потоа додајте ги на зготвените житни култури, сушени домати и маслинки. Пред сервирање украсете со парчиња авокадо и послужете со маслиново масло и оцет од бело вино.

БРОКУЛА + КИНОА + БЛАГ КОМПИР
Печете брокула и сладок компир во рерна, сварете киноа. Додадете фета сирење и наут. Послужете користејќи масло од сусам како сос за повкусно јадење.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement