Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

По Трагите на Џони Кеш: шкотски корени и кралско потекло

Постојат многу места за аџилак за љубителите на легендарниот музичар Џони Кеш, а меѓу нив се и Арканзас, каде што е роден, Нешвил -Тенеси, родното место на кантри музиката – и Фајф.

Рака на срце, источниот брег на Шкотска сè уште не стана познато место за собирање обожаватели на „Човекот во црно“, но некои луѓе сметаат дека треба.

Еден мал фестивал во Абердур сега му оддава почит на наследството на Кеш и неговите корени од Шкотска.

Самиот Кеш тврдел дека неговите предци потекнуваат од кралството Фајф и е горд на неговите шкотски корени, дури кога тие го минале Атлантикот во 17 век.

Американскиот музичар ја започнал својата кариера во педесеттите години, снимајќи со Елвис Присли во познатите студија во Мемфис.

Тој одел по фина линија меѓу одметници и светци сè до неговата смрт во 2003 година, на 71-годишна возраст, по доцната кариера во која имаше голем успех со серија акустични албуми.

Но, оваа sвезда одлучил да ги истражи неговите шкотски корени кон крајот на седумдесеттите години.

Се затекнал во авион од Америка со мајорот Мајкл Крихтон-Стјуарт, чуварот на палатата Фолкландс во Фајф.

Патем, Кеш спомнал дека неговото семејство доаѓа од Шкотска, а мајорот Крихтон-Стјуарт потврдил дека неговото семејно име сè уште може да се види на фармите и улиците на Кралството.

Ќерката на Кеш, Розен, за документарниот филм на Би-Би-Си во 2010 година изјави: „Татко ми беше толку фасциниран од ова што ги истражуваше нашите предци сè до 11 век“.

Неговиот биограф Стивен Милер за истата емисија изјави дека Кеш се чини потекнувал од човек по име Вилијам Кеш, кој живеел во Стратмигл кон крајот на 17 век.

Розен понатаму тврди дека кланот Кеш потекнувал од Ада, сестрата на кралот Малком IV (1153-1165).

Таа вели: „Кога татко ми ќе завршеше во болница во последните години од неговиот живот, тој ќе се запишеше под името Малком. Ја ценеше таа врска со кралското семејство, без разлика колку далеку беше во минатото“.

Во осумдесеттите години, Кеш патувал на Фајф барем три пати – најистакната посета била во 1981 година, кога сними божиќен специјал за американската телевизија со колегата пејач Енди Вилијамс.

Кога пејачот и текстописец Дин Овенс слушна за оваа приказна, помисли дека треба да се стори нешто за да се слават корените на Кеш во Фајф.

„Ние Шкотите сакаме да го усвојуваме нашиот народ“, додаде тој. „Кога дознав дека Џони Кеш е Шкот, се возбудив“.

Овенс изјави дека фестивалот „Кешбек“ во хотелот Вудсајд во Абердур не е „лигав“, туку почесен фестивал, за прослава на наследството на Кеш.

Прочитај

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Advertisement