ИСТОРИЈА
Зад потеклото на името „мохито“ стојат повеќе теории; една од нив вели дека името потекнува од кубанскиот зачин „мохо“, направен од лимета, кој служи за да се зачинуваат јадења. Една друга теорија е дека „мохито“ едноставно е збор изведен од мохадито, што на шпански значи „мал, мокар“, или едноставно е деминутив од мохадо, „мокар“ („мокричок“). Според друга теорија, пак, името на пијалакот доаѓа од африканскиот збор „мохо“, што значи „да фрлиш магија“.
Но Африка ја нема честа да го прогласи мохитото за свој пијалак – тоа право го има Куба, каде што многумина тврдат дека мохитото го правеле робовите што работеле на плантажите за шеќерна трска во доцните 1800-ти.
Други велат дека за создавањето на мохитото е заслужен сер Ричард Дрејк, дури во далечната 1586 година. Легендата вели дека англискиот пират сер Ричард Дрејк ја приготвил првата верзија на пијалакот употребувајќи агуардиенте (со значење „огнена вода“, примитивна верзија на румот). Тој го измешал со малку шеќер, лимета и ментол-нане и ја добил раната верзија на денешниот популарен пијалак. Според приказната, пијалакот првично бил нарекуван „ел драки“ (или „змејот“, по шефот на Дрејк, сер Франсис). Мохитото стигнало на Куба кога овие пирати се истовариле таму во својот поход по богатство низ Карибите и Латинска Америка. Првобитно тој бил консумиран за медицински потреби. Во 1940 година кубанскиот драматург и поет Федерико Вилош рекол: „Кога агуардиентето било заменето со рум, ел дракито почнало да се нарекува мохито.“
Како и обично она што ни го презентира Џејми Оливер е лесно, забавно и интересно, а пред се не постои никаков сомнеж во неговиот резултат. Во ова видео тој ни презентира како можеме сами да направиме најдобар класичен Мохито коктел, кој е еден од најпопуларните во светот. Многу освежувачки, многу симпатичен и уште повеќе едноставен за подготовка.
Ние ќе ви дадеме рецепт за да подготвите една доза Мохито коктел, а вие секако ќе може да ја зголемите количината на состојките според бројот на лица кои ќе уживаат заедно со вас.
СОСТОЈКИ:
- 1 Зелен лимун
- 7-8 ливчиња нане за подготовка и неколку за декорација
- 1 лажица шеќер
- 50 мл бел рум
- 15 коцки мраз
- малку минерална вода
ПОДГОТОВКА:
- Најпрво земете зелен лимун и со помош на раката валајте го врз рамна цврста подлога.
- Отстранете го крајниот дел од зелениот лимун, пресечете го на половина, а потоа на 4 парчиња. Ставете ги парчињата зелен лимун во чашата.
- Додајте 7-8 ливчиња нане, кои најдобро е да бидат што помали и помали бидејќи тие пуштаат најмногу арома кога се свежи. Пред да ги додадете, тапнете ги со рацете за поубаво да се ослободи силната арома.
- Додајте една лажица шеќер и со кујнски алат, малку изгмечете ги состојките во чашата.
- Во чашата за Мохито коктел додајте и 50 мл бел рум, а потоа 15 коцки мраз кои подобро да бидат ситно мелени или прикршени.
- Додајте малку минирална вода, измешајте со лажица, и дополнете ја чашата со скршен мраз. Декорирајте со листови нане и уживајте во ладниот Мохито коктел. На здравје!

