Ескада покрена банкрот – тие планираат да ги затворат своите продавници во Германија.
Претставниците на брендот истакнаа дека ситуацијата „се однесува исклучиво на Ескада во Германија и не се однесува на застапништва во други земји“. Компанијата веќе поднесе барање за банкрот во Германија еднаш во 2009 година. Затворањето на продавниците Ескада го припишува на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, меѓутоа, изворите велат дека брендот имал проблеми многу пред тоа.
150 работници во Германија се очекува да останат без работа. Ескада веќе доживеа бран отпуштања во декември – последен пат погоди повеќе од 60 лица.
„Направивме голем напредок во подобрувањето на нашиот бизнис и бевме на пат да ја надминеме нашата заработка минатата година пред КОВИД-19 да го зафати светот“, се вели во официјалното соопштение. „За жал, пандемијата имаше големо влијание врз луксузниот и малопродажниот сектор.“
Сепак, Ескада навести дека марката ќе се развива во другите градови. Компанијата соопшти дека потпишала двегодишен закуп на нова продавница во Беверли Хилс, планира да ја модернизира својата продавница во Хародс, Лондон, и веќе ангажирала потпретседател и директор на малопродажба.
