Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Што всушност се случува со вашата кожа ако не ја отстраните шминката пред спиење?

Без оглед колку трошите на квалитетни креми, тоници, серуми, мицелар, лосиони и други препарати, секој пат кога ќе заспиете со шминка, се движите неколку чекори назад. Следниот пат кога ќе се најдете во кревет и ќе ви помине низ главата мислата дека не сте ја направиле вашата вечерна нега на кожата – без да преговарате oдете одма во тоалетот! Или барем чувајте влажни марамчиња за да ја отстраните шминката на лицето. Најдобро се познавате себеси, па одлучете сами кои метод ќе ве дисциплинира. Првиот чекор е дефинитивно да се соочите со вистинските последици и да откриете што всушност се случува со вашата кожа ако прескокнете отстранување на шминка пред спиење.

View this post on Instagram

??? all shades of spice

A post shared by Vanessa Hong (@vanessahong) on

Многу производи за шминка содржат состојки, како силикон, кои ги заглавуваат порите. Ако имате најмала тенденција за појава на акни, запушените пори ќе го поттикнат нивниот развој, а во „најсреќното“ сценарио, вашата кожа ќе стане само грутка. Запушените пори исто така спречуваат ослободување на природен себум, кој покрај акните, може да резултира и со зголемени пори.

Прескокнување на вечерната нега на кожата на лицето, исто така, доведува до забрзано стареење на кожата, бидејќи шминката може да ја задржи нечистотијата во животната средина и слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на кожата, вклучително и колагенот. Покрај тоа, вашата кожа ќе се исуши повеќе, што ќе придонесе за стареење на кожата и создавање нови и продлабочување на постојните брчки. Друг непосакуван ефект на кој сигурно нема да придонесе отстранувањето шминка е безживотно и уморен впечаток и нерамномерен тон на кожата.

View this post on Instagram

Peek-a-choo…

A post shared by Vanessa Hong (@vanessahong) on

Особено е важно да се отстрани шминката што ја нанесуваме околу очите, бидејќи освен што предизвикува разни инфекции, може да предизвика и прекумерно губење на трепките. За време на спиењето, се одвива најефикасното обновување на клетките на целото тело, вклучувајќи го и нашиот најголем орган. Не отстранувајќи ја шминката, го спречувате овој природен процес, каде што вашето тело ја извршува работата за вас, козметичките производи треба само да ги надополнуваат, а не да се назадуваат.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement