Познати по своите тропски околини, не е големо изненадување да дознаете дека има одлични плажи кои изобилуваат во Латинска Америка.
1. Ипанема



Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Една од најпознатите плажи во Бразил поради одличните води за сурфање и огромната површина на која се протега.
2. Тајрона



Каде: Колумбија
Зошто да ја посетите: Ова е еден преубав природен резерват кој има многу што да понуди. Помеѓу своите преубави песочни плажи и кристално чистата вода невозможно е да не почувствувате исполнето со магија, убавина и спокојство.
3. Канкун



Каде: Мексико
Зошто да ја посетите: Ова е еден од најлуксузните туристички градови на Карибите. Тука ќе најдете неверојатни прекрасни плажи, луксузни хотели и одлична храна и специјалитети исто како и одлично воспоставен баланс помеѓу природата и цивилизацијата и ноќниот живот.
4. Плаја дел Кармен



Каде: Мексико
Зошто да ја посетите: Ова е една од најпосетените плажи во Ривиерата. Тука ќе ја најдете познатата Quinta Avenida, што претставува мора-да-се-види! локација. Quinta Avenida тече паралелно со мексиканскиот брег и изобилува со ресторани, барови, продавници за облека, туристички агенции и едноставно се’ што ви треба за вашиот престој на Плаја дел Кармен да биде незаборавен.
5. Роатан



Каде: Хондурас
Зошто да ја посетите: Тука ќе најдете се’ што ви треба за да го имате најспектакуларниот и релаксирачки одмор истовремено. Во прилог на своите прекрасни бели песочни плажи, ова местенце е опколено и со тропски џунгли, а Роатан има и волшебен, уникатен, корален гребен кој ќе морате да го видите за да поверувате дека постои.
6. Малпаис



Каде: Коста Рика
Зошто да ја посетите: Позната е како совршеното место за сурфање – иако оваа плажа е повеќе како скриено богатство бидејќи не е дел од Гуанакасте и транспортот е ограничен. Но оние кои сепак ќе се одлучат да ја посетат, ќе сфатат дека плажата е достојна за да се потрудите да стигнете до неа.
7. Монтерико



Каде: Гватемала
Зошто да ја посетите: Позната како најдобрата плажа во Гватемала, овој рај со цр песок е местото кое не смеете да си дозволите да го пропуштите доколку патувате во земјата на вечната пролет. Покрај уникатната вулканска боја на песокот, плажата е исполнета со одлични ресторани и забавен ноќен живот.
8. Сан Андрес



Каде: Колумбија
Зошто да ја посетите: Совршените песоци, мирната вода без бранови ја прават оваа плажа оаза за секој кој е во потрага по целосен мир и релаксација. Исто така овој остров има совршено време и клима, а персоналот во хотелите на него ќе ве третира како да сте член на кралското семејство. Што повеќе ви треба?
9. Тулум плажа



Каде: Мексико
Зошто да ја посетите: Оваа спектакуларна плажа е мешавина од бел песок и кристално чистите води – и истовремено е археолошки локалитет за Маите. Тулум е прекрасно место за туристите кои сакаат да се релаксираат и да уживаат но и да научат нешто за културата на Маите.
10. Барра да Лагоа



Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Доколку сакате да се релаксирате преку целиот ден и лудо да се забавувате преку целата ноќ тогаш ова е совршеното место за вас. Преку ден уживајте во прекрасната плажа опкружена со зелени површини и светло сина боја додека го чекате зајдисонцето во сите можни бои. А потоа можете да излезете и да уживате во реге музиката во било кој од локалните барови.
11. Анакена


Каде: Чиле
Зошто да ја посетите: Оваа прекрасна малечка плажичка, исполнета со бел песок и школки не само што ги привлекува туристите поради своите волшебни пејсажи: Анакена е дел од Рапа Ниу, каде што можете да уживате во прекрасните специјалитети и убавина, но уште поважно – тука има уникатни и посебни скулптури кои датираат од дамнешно минато.
12. Литл Корн Ајленд



Каде: Никарагва
Зошто да ја посетите: Ја нарекуваат една од најдобро чуваните тајни на Карибите. Ова е совршеното место за одмор. И покрај фактот дека ова островче е непознато за многумина, околните хотели се познати по најдоброто угостителство и услуги на целиот свет. Овде единстевната грижа ќе ви биде колку сонце да впиете за време на денот.
13. Баиа до Санчо



Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Оваа плажа е прогласена за една од најдобрите плажи на светот. Во прилог на своите чудесни нијанси на тиркизната вода, оваа плажа има и неверојатни корални гребени и спокојство кое можете да го почувствувате во воздухот. Што ја прави оваа живописна плажа уште понеодолива е фактот дека за да стигнете до неа ќе треба навистина да се потрудите. Но еднаш кога ќе стигнете, ќе сфатите дека се исплател патот.
14. Баиа дос Поркос



Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Поради прекрасните панорамски погледи кои се неспоредливи. Овде ќе го пронајдете совршениот баланс на природата и релаксирањето.
15. Араиал до Кабо



Каде: Бразил
Зошто да ја посетите: Оваа плажа се смета за една од најегзотичните и најуникатните во цел Бразил. Нејзините тиркизни води, бели плажи и самата локација ја прави оваа плажа да изгледа како реална опиплива разгледница.
16. Кабо Сан Лукас



Каде: Мексико
Зошто да ја посетите: Кабо Сан Лукас е позната по забавите, а особено ноќните. Ноќниот живот е она што најмногу ги привлекува туристите, но прекрасната плажа е она што ги прави овие забави толку магични и неодоливи.
17. Бокас дел Торо



Каде: Панама
Зошто да ја посетите: Со флората и фауната каква што не постои на ниту едно друго местенце на планетата, ова е совршено место да заминете за да се пронајдете себе си. Исто така е и една од најдобрите дестинации за нуркање на светот. Зајдисонцето на Бокас дел Торо е неспоредливо со било кое друго на светот.
18. Пунта дел Есте



Каде: Уругвај
Зошто да ја посетите: Едно од најнеописливо волшебните места на целиот овој свет, оваа плажа обезбедува совршена комбинација од добар ноќен живот и кристално чиста вода. Ова спа-градче е наречено Сен Тропе од Латинска Америка – поради своите исклучително екслузивни забави и бидејќи плажата е совршена за сончање и сурфање.
