Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ангелот на Викторија ја открива тајната на нејзината убавина: Привлечната Карли Клос ги маѓепса дамите ширум светот!

Топ моделот Карли Клос ја сподели утринската рутина за убавина на нејзиниот Јутјуб канал пред шоуто на Викторија Сикрет.

Карли откри како се облекуваат ангелите на Викторија утрото пред шоуто. Тајната е во техниките на козметичарката Џорџија Луиз, која ги подготвува да изгледаат свежи и одморени.

Моделот ги препорачува овие ефективни и едноставни трикови, кои траат само дваесет минути, ако имате важен настан или ако барате квалитетна утринска рутина.

  1. Измијте го лицето со мраз

За да ја задржите кожата цврста и лесна, Џорџија препорачува миење на лицето со коцки мраз дваесет секунди.

Покрај подобрувањето на квалитетот на кожата, оваа техника дефинитивно ќе ве разбуди наутро!

  1. Нанесете течна маска

Следниот чекор во подготовката на ангелот на Викторија Сикрет е брзо нанесување маска за лице.

Истурете ја течната маска за лице на вашата дланка. Пред да нанесете на лицето, притиснете го со дланките, додека не се загрее.

Масирајте ја маската на лицето со големи кружни движења на дланките, водејќи сметка за распоредот – прво движете се од средината на челото до коренот на косата, потоа преку веѓите до носот и Т зоната, потоа образите и завршете со движења од вилицата нагоре.

View this post on Instagram

??

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss) on

Исчистете ја маската со влажна крпа со брзи движења.

  1. Не заборавајте на серумот

За да може кожата на моделите да добие силна шминка од ревијата, клучно е тие да нанесат соодветен хидрантен серум што ќе спречи сушење на кожата.

Затоа, пред да нанесете поголема количина шминка, нанесете го серумот на лицето со лесно потчукнување со врвовите на прстите.

Оваа техника ја стимулира крвта и ја буди кожата на лицето, поттикнувајќи побрзо движење на кислород низ крвотокот.

  1. Замрзнете ги лажиците

Последниот чекор за подготовка на модели за престижна писта може да изгледа невообичаен, но тој е ефикасен начин да ги намалите темните кругови и да ги ублажите другите несовршености на кожата.

Оставете две поголеми лажици во замрзнувачот додека не бидат многу студени, а потоа со нив кружни движења го масирате лицето. Обавезно движете се од вилицата нагоре и не заборавајте да ги потпрете на очните капаци неколку секунди.

По овие трикови, подготвени сте за пистата.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement