Иванка Мари Трамп е родена на 30 октомври 1981 година. Таа е поранешен модел, денес една од најуспешните деловни жени во Америка. И секако – ќерка на сегашниот американски претседател Доналд Трамп.
Иванка е второ дете на контроверзниот американски бизнисмен и американски претседател Доналд Трамп и неговата прва сопруга Ивана Трамп. Тaa има двајца браќа, Доналд Јуниор и Ерик.
Иванка е десна рака на неговиот татко и, како што тврдат американските медиуми, најважната жена во неговиот живот. Активно е вклучена во деловното работење на нејзиниот татко и работи како извршен потпретседател на Организацијата Трамп.
Иванка е во брак со градежниот претприемач Џерад Кушнер од 2009 година, таа за кратко време се преобратила во јудаизмот и родила три деца.
Како и повеќето жени од високото општество, особено оние со огромна сума пари – Иванка обожава екстравагантни и скапи парчиња облека, а ние направивме избор од нејзините најелегантни фустани, во кои таа се појави на некои од најважните настани во последно време.
Иако поголемиот дел од времето го поминува во деловни стајлинзи, бидејќи поголемиот дел од времето е зафатена со работа, Иванка сака да ја користи секоја можност и да блесне во гламурозен тоалет.
Дали ви се допаѓаат нејзините избори? Кажете ни го вашето мислење во коментарите.









