Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Шминкерите откриваат трикови: Вака добивате исончан тен на лицето цела година!

Не само што звучи примамливо, туку придонесува и за природниот изглед, што е цел на голем број дами. Веројатно ви е познато чувството кога сончевите зраци го галат вашето лице и му даваат бронзен ефект, токму таму каде што го сакаме.

Се разбира, крем со заштитен фактор на плажа се подразбира, бидејќи идејата е никогаш да не се изгори. Она што ќе ви се допадне е дека наскоро ќе добиете одговор на прашањето од насловот, иако можеби не сте заминале на годишен одмор оваа сезона и сметате дека тоа не е можно. Сè што ви треба е малку вештини за шминкање и квалитетен бронзер.

Веќе подолго време, расте интересот за бронзен изглед, како оној по денот поминат на лежалка. Дамите би сакале да ја заобиколат основата за шминка и да користат коректор за да покријат само неколку неправилности. Навикнати сме да ги истакнуваме јаболчниците со бронзер, но се чини дека треба да се посвети малку внимание на горниот дел од лицето, каде паѓаат сончевите зраци и ја прават кожата златна.

Секако, постојат различни техники за нанесување бронзер и секој шминкер го има својот омилен, но има трик со кој ќе успеете на првиот обид.

Го користат и sвезди, како што е Емили Ратајковски, а акцентот е ставен на регионот околу очите. Овој изглед потсетува на периодот од 90-тите години кога беше популарен.

За почеток, треба да нанесете бронзер или руменило во теракота нијанси во пределот на горниот дел од носот, а потоа на горниот дел од јагодичките, сè до очните капаци. Целта е да се постигне хоризонтален ефект, од една до друга јагодична коска, преку носот. Се разбира, ова е замислена линија, а вашата задача е да ја процените тоналноста. Шминката не завршува тука, но бронзерот се става и над веѓите, што не е задолжително, но пожелно. Најдобро е да се користи производот во форма на прав, и да се нанесува со мека четка за подобро покритие.

Ако, пак, сакате шминката да биде повидлива, користете бронзер или кремасто руменило. Може да се одлучите за мат или сјаен изглед, во зависност од вашето расположение и вкус

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement