Активната мода, односно activewear, доминира во сцената на уличната мода во последно време, нудејќи ни бројни нови видови на атлетски стилови.
Меѓутоа, кога еден од најлуксузните брендови во светот ќе вмеша прсти во целата приказна, се случува нешто волшебно. Ова е токму она што Фенди сега ни го открива во својата колекција pre-fall 2020 година. Користејќи ги своите најпознати кодови, особено логото и монограмот, оваа модна куќа од Рим ги замени своите вообичаени материјали, крзно и кожа, со најлонски сатен и дрес, за да создаде понуда инспирирана од кошарката и трчањето. Силуетите се лежерни, а меѓу парчињата можеме да забележиме јакни, тренерки, шорцеви и дуксери, во палета на бои во кои се користи познатата кафеава и синапова жолта боја.

- „Кошарката инспирираше леснотија и преголеми елементи на силуетата – широки панталони, широки елеци и дуксери. Бројот 25 што можеме да го видиме на одредени парчиња е омаж на моите баба и дедо, кои го основаа Фенди како продавница за крзно и кожа во Рим во 1925 година “, рече Силвија Вентурини Фенди.
Современите дизајни создадени од технички материјали, кои се претежно водоотпорни и термални, им дадоа нов живот на традиционалните техники кои се практично дел од секојдневниот живот за тимот на Фенди.
„Ние секогаш играме со нови материјали, користејќи ги на невообичаени начини, додека во овој опсег, функционалноста играше голема улога“, додава Вентурини Фенди.
Покрај новата модна колекција, познатата марка претстави и длабоки Рома патики, кои добија врв создаден од логото на познатата марка, заедно со внимателно зашиени слоеви на кожа за максимална удобност.
Повеќе детали за колекцијата на видеото подолу:
