Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

„Колку години имаш?“ – Зошто толку бегаме од ова табу прашање

Повеќето девојки не го сакаат прашањето за возраста. „Дамите не се прашуваат тоа“, често слушаме. Во свет каде што младоста е синоним за убавина, жените мислат дека треба да изгледаат младешки за да се сметаат за убави. Тие се бомбардирани од сите страни со информации за тоа колку е важно да изгледате младешки, а притисокот на општеството е толку голем што скоро една четвртина од жените сметаат дека луѓето околу нив непогрешливо ги забележуваат промените што им ги носи возраста.

Според глобалното истражување спроведено од Dove, само 10% од жените искрено ја откриваат својата возраст. Покрај тоа, жените веруваат дека откривањето на возраста влијае на тоа дали мажите ќе ги доживеат како убави, покажува истата студија.

Откривајќи ја нивната возраст, тие се чувствуваат како да ставаат акцент на сите негативни работи што ги носат и ова ги прави уште позагрижени.

Прашањето за возраста е толку непријатно за повеќето жени што 2 од 5 од нив се преправаат дека се помлади одошто се, па дури и избегнуваат забави за роденден!

Возраста е извор на вознемиреност за многу жени, повеќето во раните триесетти години, но тие можат да ја чувствуваат веќе како тинејџерка. Бидејќи, младите девојки често го копираат однесувањето на своите мајки кога станува збор за самодовербата. Затоа е важно мајките да се доживеат убаво без оглед на возраста за да бидат позитивен пример за своите ќерки.

Затоа, девојки, охрабрувајте се меѓу себе да развивате позитивен став кон убавината заедно, што помага да се развие нашата самодоверба и да се достигне целиот свој потенцијал.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement