Убавината привлекува, но карактерот задржува, се вели во еден цитат. И навистина, личноста е најважна, а некои од нашите секојдневни особини можат да го откријат нашиот карактер.
Одењето
Луѓето кои правилно го држат ‘рбетот и одат брзо се самоуверени, друштвени и харизматични. Но, тоа важи и за луѓе кои уживаат да бидат во центарот на вниманието.

Ракување
Пандемијата со коронарвирус го сврти светот наопаку и ракувањето престана да се корист заради зачувување на здравјето. Допирот на рацете го замени допирот на лактите. Но според едно истражување од 2003 година, луѓето кои имаат поцврсто ракување се оптимисти и се повеќе екстровертни. Од друга страна, лесното ракување издава несигурност и страв.
Како јадеме
Студија од 2002 година покажа дека самоуверените луѓе јадат бавно. Тие едноставно уживаат во своите закуски, и секогаш остануваат најдолго на масата. Од друга страна, луѓето кои јадат брзо се често амбициозни и каприциозни.

Однесување на Интернет
Во денешно време, интернетот е дел од нашите животи. Комуникацијата меѓу младите се префрли на социјалните мрежи и го смени однесувањето на луѓето. Сепак, стилот и содржината на нашата интернет комуникација навистина можат да откријат нешто во врска со нашата личност. На пример, луѓето кои пишуваат подолги е-мајлови и пораки на социјалните мрежи се перфекционисти и тие внимаваат на деталите. Исто така, другите честопати ги сметаат за луѓе кои бараат многу.
