Рикардо Тиси, креативен директор на брендот „Бурбери“, потпишува серија костуми за „Седум смртни случаи“, нов проект на уметничката Марина Абрамовиќ. И не се знае кој е полуд и повпечатлив.

Рикардо Тиси ги создаде сите костуми за уметничката опера „Седум смртни случаи на Марија Калас“, која ја имаше својата премиера на 1 септември во Минхен, а подоцна ќе биде прикажана во Берлин, Лондон и Москва.
Проектот беше најавен како кулминација на 60-годишната опсесија на Марина Абрамовиќ со оперската дива Марија Калас, а партнер на Марина е познатиот актер Вилијам Дефо.
Секако, за ваков проект е потребен специфичен естетски пристап, а костумите потпишани од првиот човек на „Бурбери“ се спектакуларни и полни со симболика.
– Јас сум обожавател на Марина уште од мала. Ако сте ја виделе нејзината работа, ќе го разберете мојот стил – му рече на Тиси.
