Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Редоследот на раѓање нема врска со карактерот, но има со интелигенцијата…

Добра вест за првородените во семејството – според три големи национални истражувања од САД, Велика Британија и Германија, помладите браќа и сестри обично имаат понизок коефициент на интелигенција од нивните постари браќа и сестри.

Студиите покажуваат дека објективното опаѓање на интелигенцијата се случува постепено – почнувајќи од второродените и завршувајќи со последнородените.

Со други зборови, секое ново дете веројатно ќе биде малку помалку интелигентно од минатото. Истражувајќи повеќе од 20.000 лица, од првородено до последнородено, студијата открила огромни докази дека интелигенцијата е под влијание на редоследот на раѓање, пренесува Big Think.

Истражувачите кои стојат зад анализата шпекулираат за причините за ова: Родителите имаат повеќе барања за првородените деца, очекувајќи да имаат поголеми академски достигнувања, додека помладите браќа и сестри добиваат поголема „слобода“.

Според хипотезата за „учење“, првородениот може да ги научи своите помлади браќа и сестри, објаснувајќи им ги правилата на животот, како функционира светот итн. Бидејќи наставата бара активна когнитивност, првородените сепак имаат уникатна умствена обука затоа што сето тоа го сфатиле сами.

Истражувачот Џули Рорер, која е коавтор на истражувањето, рече дека според една теорија, секое следно дете добива „разредени ресурси“ од своите родители.

Покрај објективниот пад на интелигенцијата, помладите браќа и сестри исто така себеси се перципираат реално, односно помалку интелигентно од оние на првородените.

Редоследот, сепак, не влијае на карактерот

Истражувачите разоткриле и некои вообичаени заблуди за различните карактеристики на браќата и сестрите. Покрај тестовите за интелигенција, испитаните браќа и сестри добија и тестови за карактери.

Иако за најпрвородените често се смета дека се поотворени, социјални и комуникативни, нема докази за тоа, тврдат истражувачите. Генерализациите се исто така популарни дека средните деца се најчесто склони да ги задоволуваат другите, со широк круг пријатели и имаат отпор кон авторитетите, додека најмладите се наводно манипулативни, шармантни, забавни и бараат големо внимание.

Но, според оваа голема студија, не е пронајдена разлика во личноста што би била сигурно постојана помеѓу браќа и сестри од различна возраст. Ова нè доведува до заклучок дека, иако интелигенцијата може да биде под влијание на факторите на раѓање, сепак карактерот е нешто со кое сме родени.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement