Барбери за прв пат сними кампања за торби, за својата линија „Pocket“, а улогата на манекенка и припадна на познатата убавица Бела Хадид. Британската куќа посочи дека кампањата е визија за убавина и женска сила инспирирана од животинското царство.
Бела изгледа фантастично додека се препушта на сценографијата на кубизам со скулптури на диви мачки и речиси ги засени самите торби дизајнирани од креативниот директор на Бурбери, големиот Рикардо Тиси.
Одлични визуелни содржини кои вклучуваат фотографии и краток филм се потпишани од познатото холандско фотографско дуо Инез и Винудх.
