Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

10 цитати кои ќе ви помогнат да успеете: мудри пораки од познати личности

Нашите верувања, основните вредности, луѓето што ги сакаме, нештата што ги негуваме и за што сме подготвени да жртвуваме, го дефинираат секое суштество на различен начин.

Сепак, понекогаш е време да се откажат од некои мисли, усвоени верувања, граници и правила со цел да се живее живот со смисла и да се успее да се постигне она кон што се стремите.

Понекогаш верувањето што го носиме цел живот се погрешно засновани и тие не блокираат да го постигнеме посакуваниот успех.

Најважното правило за успешен и среќен живот е активирана свесност и трезвеност – во секое време, на секое место и во секоја ситуација.

Предлагаме 10 цитати што можат да ве мотивираат да се ослободите од негативните верувања, да ја пронајдете својата суштина и да го постигнете успехот за кој сонувате:

„ Не плачете затоа што завршило, насмејте се затоа што се случило“– Др Сеус

„Верувајте во она што постои во вас.“ – Андре Жид, француски писател и критичар

„Сите мислат да го променат светот, но никој не мисли да се промени себеси“ – Лав Толстој.

„ Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“- Махатма Ганди

„Најголемо постигнување е да бидеш ти во свет кој константно пробува да те смени“- Р. В. Емерсон

„Не оценувај го денот според она што си го набрал, туку по семето кое си го посеал.“ – Роберт Луис Стивенсон, шкотски писател, поет и есеист

„Биди ти, сите други се веќе зафатени“- Оскар Вајлд

„Заљубен сте кога не можете да запиете бидејќи знаете дека реалноста е поубава од сонот“- Др Сеус

„Успехот најчесто доаѓа кај оние кои се презафатени за да го бараат“- Г.Б. Шо

„Животот е како возење велосипед. За да го одржиш во баланс мораш да продолжиш да се движиш“- Алберт Ајнштајн

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement