Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тајни еротски масажи: 5 начини да ја возбудите со еден допир

Никогаш не ја занемарувајте моќта на масажата, бидејќи тоа може да направи чуда за вашиот сексуален живот.

Да бидеме реални, повеќето луѓе сакаат масажа, без оглед на тоа каков тип е, и ако тоа дополнително ќе го подобри искуството во кревет, придобивките се повеќекратни.

Физиотерапевтот Гилберто Кониг предлага пет типа на масажа со кои можете да се опуштите, но и да ја возбудите вашата убава половина.

Папок
Областа под папокот се нарекува „копче за оргазам“ и ако ја масирате оваа област со два прста две минути, ќе се ослободите од лошата енергија и фрустрацијата и ќе ја подобрите циркулацијата на крвта во гениталиите, што може да ви помогне побрзо да постигнете оргазам.

Зглобови
Масирајте го зглобот околу Ахиловата тетива со 4 прста.

„Ова е клучна точка во третманот на сексуални нарушувања. Може да ја ублажи болката за време на секс кај жени и импотенција кај мажи. Оваа масажа има длабоко благотворно дејство “, објаснува Кониг.

Глава
Масирајте ги нејзините слепочници и пределот околу ушите. Ова ќе ја релаксира вашата партнерка и исто така ќе ја зголеми нејзината сексуална енергија.

Стомак
Областа над препоните, на ниво на гаќички, е многу важна, а масажата на овој дел го стимулира лачењето на ендорфин, природен аналгетик и драстично го намалува производството на кортизол, хормон на стресот. Оваа масажа е вистински вовед во предиграта и сексот.

Стапала
Две минути масажа на стапалата помага во лачењето на серотонин, хормонот на среќата, и колку подобро се чувствуваме, толку повеќе ќе бидеме расположени за секс.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement