Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

На островот на мртвите, човечка нога не смее да стапне: Се е како во сцена на хорор филм

Остров во Велика Британија е покриен со коски, черепи и заби, а на посетителите им е забрането. Заради мноштвото човечки остатоци и тела, го доби името Остров на мртвите.

Остатоците од луѓето се расфрлани по земјата на еден мал остров крај брегот на Кент.

Пред повеќе од 200 години, земјата се користеше како гробишта за криминалци кои загинаа во затворски бродови за Австралија, пренесува британски “Mirror”.

Пловечките затвори биле полни со криминалци чија дестинација ќе стане гробница, додека тие чекаа да се соочат со смртна казна.

Кога овие затвореници починале, биле закопани во необележани гробници, за да не се шират заразни болести, како што е колерата, и да не предизвикаат епидемија.

Остатоците од мажите и момчињата кои починале во затворите на бродовите, прво биле затворени во едноставни дрвени ковчези, но крајбрежната ерозија и вековните распаѓања довеле до остатоците од овие несреќни души да бидат откопани од нивните необележани гробови.

Кент Лајв известува дека зголемувањето на нивото на морето и ерозијата на крајбрежјето предизвикува коски и човечки остатоци да се издигнат од калта што ги покри мртвите.

На јавноста и е забрането да оди на островот, а само оние со посебни дозволи можат да го стапнат на него.

Постои легенда за овој остров дека „ловечките кучиња со светли, црвени очи кои јадат главите на закопаните тела“ одат на него.

Островот на мртвите беше посетен од екипата на БиБиСи во 2017 година, кои рекоа дека изгледало како да се на „снимање хорор филм“.

-Изгледа толку надреално, имаше насекаде отворени сандаци и коски – рече директорот на програмата „Inside Out“ , Sem Sapl.

Островот е заштитено подрачје и се сметаше за место од посебен научен интерес заради ретките птици што таму се одгледуваат и гнездат.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement