Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј се прашуваа дали бојата на крзно од домашно милениче може да открие колку долго ќе живее, а за да го пронајдат одговорот, тие спроведоа обемна студија во која беа опфатени повеќе од 3.000 кучиња од различни раси и бои на крзно.
Во истражувањето учествувале жолти, кафеави и црни кучиња. Тие заклучиле дека болеста е „рефлектирана“ на нивното крзно.
- „Кучињата со кафеаво влакно или крзно во боја на чоколадо имаа 10% пократок просечен животен век од кучињата со црна или жолта коса, кои живееја во просек 12 години. Кафените кучиња се исто така повеќе склони кон инфекции на ушите, како и кожни болести. Сепак, она што најмногу влијае на животниот век на кучињата, без оглед на бојата на крзното, е – дебелината. Од 3.000 кучиња кои учествувале во истражувањето, дури 8,8% од нив беа дебели“ – објасниле истражувачите.
