Од почетокот на пандемијата, повеќе од 61 000 луѓе починаа во Мексико, а полоши статистички податоци имаат само Америка и Бразил.
Учебната година продолжи во Мексико, но поради големиот број случаи на инфекција со коронавирус, учениците сè уште не се вратија во училниците.
Училиштата беа меѓу првите затворени институции во март кога започна пандемијата.

Бидејќи многу семејства во Мексико немаат пристап до Интернет, часовите се емитуваат на телевизија.
Според официјалната статистика, околу 93 проценти од домаќинствата во Мексико имаат барем еден телевизор.

Мексико е земја со една од највисоките стапки на смртност од коронавирус во светот.
Од почетокот на пандемијата, повеќе од 61 000 луѓе починаа во Мексико, а полоши статистички податоци имаат само Америка и Бразил.
Одлуката децата да следат часови на телевизија, а не преку интернет, беше донесена затоа што половина од Мексиканците имаат пристап до интернет, а многу од нив немаат ниту компјутер.
Пет годишниот Оскар Хернандез е еден од милиони ученици кои ја следат наставата со помош на телевизор.

Материјалот што се обработува на часовите е ист како оној што учениците би го научиле доколку нема пандемија.
Меѓу темите што ги имаат е и музиката.
Има и часови по физичко образование,кои ги одржува Ромел Пачеко, освојувачот на светски златен медал во нуркање.

Но, некои деца сè уште претпочитаат да вежбаат надвор.

Додека некои родители го поздравија ова продолжение на учебната година, има и такви на кои им беше тешко поради сопствените деловни обврски.
Некој мора да биде со децата, особено со помладите, за да го вклучи вистинскиот канал, да го избере вистинското време за нивната возраст и што е најважно, да земе предвид дали ги следат.
Исто така, тука е и прашањето за домашните задачи.

Многу родители што работат требаше да ги повикаат бабите и дедовците за помош.
На седумгодишната Хулиета и помага нејзината мајка Карина.

Некои родители и старатели признаваат дека се збунети од распоредот на часовите, а има и такви кои се жалеле дека не добиле книги и материјали за работа.
Часовите се емитуваат на бесплатни телевизиски канали.
