Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Пронајдете ја вашата идеална фризура според контурите и обликот на лицето

Фризурата што најмногу одговара на вашето лице зависи од тоа дали е кружнo, долго или квадратно бидејќи косата е како рамка што може да ги истакне или намали контурите и линиите.

Косата е рамка на лицето, и се истакнува најдобро кога е во согласност со контурите, за да се создаде рамнотежа. Пропорциите и нивната врска играат голема улога овде.

Долгото лице уште повеќе ќе биде нагласено од долгата, права коса, додека кадрици во овој случај ќе дадат рамнотежа. Исто така, широките лица изгледаат добро со коса која е исправена, за да не добие дополнителна ширина.

Шишките ќе ги истакнат образите и визуелно ќе го скратат лицето. Исто така, тенка коса го прави лицето потесно, а истото важи и за степенастите фризури, или разредените фризури.

На широко лице не му е потребен акцент на ширината, па очигледно е дека потесната фризура ќе му одговара повеќе, додека големите кадрици и раскошните бранови се подобри за тесните лица.

Боб е во тренд веќе некое време, но може да биде пократок или подолг. Овој тип на фризура е идеален за сите форми на лице бидејќи е разновиден и видот на фризурата зависи од обликот на лицето.

Иако кратката коса го отвора лицето, може да се создаде и според пропорциите и контурите, во зависност од тоа дали е ишишана напред или спрема наназад.

  • „Ако имате широко лице, подолга, а не пократка верзија на боб-фризурата е за вас. Подолгата коса ќе му даде на лицето впечаток на должина и ќе го направи хармонично со косата“ – коментира фризерот Алекса Чанг, Џорџ Нортвуд за Whowhatwear.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement