Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Инспириран Од Свемирот: Новиот De Bethune Часовник

Ѕвездениот часовник сега доаѓа со розово злато …

De Bethune брендот смета дека не треба да гледате на небото за да ги видите ѕвездите. Најновиот модел на овој бренд е соодветно наречен DB25 Starry Varius поради својата небесна инспирација, а овој пат доаѓа со кутија направена од полирано розово злато. Концептот за дизајнот е вкоренет во начинот на кој луѓето во минатот го одбележувале времето. „Кога го гледате движењето на времето без инструменти, гледате нагоре. Ова е тема што често се појавува во часовниците “, вели Денис Флеголет, главениот часовничар и основач на брендот.

Сепак, астрономската конфигурација што го краси секој дел од темно синиот бројчаник е далеку од обичен. Клиентите можат да побараат прилагодување на шемата според нивната географска локација или датумот. Секоја златна ѕвезда се нанесува со рака, така што секој модел е уникатен.

Куќиштето направено од полирано розе злато има дијаметар од 42 мм, а стрелките се рачно полирани. Тие се поместуваат низ сребрено тонираниот прстен и ни го покажуваат точното време, додека задниот дел е создаден од кристален сафир може да се види работата на самиот механизам. Целата приказна е завршена со елегантен алигаторски кожен ремен. Дали ви се допаѓа?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement