Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Медитативна Вежба Која Нè Поврзува Со Мудроста На Телото

Телото е помудро отколку што мислиме. Кога ќе посветиме поголемо внимание на тоа, кога ќе станеме свесни од каде ги чувствуваме нашите емоции и дали сме напнати, згрчени или опуштени, ќе можеме полесно да разбереме какви се нашите потреби и од што треба да се ослободиме.

Вежбата Body Scan нè воведува во свет на зголемена свест за чувствата и ни овозможува да ги истражуваме искуствата што ги имаме преку сензациите и емоциите во организмот, од момент до момент. Можете да ја практикувате кога нешто ве боли, кога сте напнати, под стрес или не можете да заспиете.

За време на вежбата Body Scan, можно е да се почувствуваат целиот спектар на сензации, од топлина и леснотија до напнатост и тежина, или воопшто да не забележите никакви сензации. Поентата не е да се промени нешто, туку само да се забележи.

Додека ја правите вежбата Body Scan, вашиот зафатен мозок честопати ќе ве однесе на патување со мислите. Кога ќе забележите дека тоа се случило, нежно вратете го вниманието на делот од телото што последен пат сте го „скенирале“.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement