Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Пикасо го насликал постерот за „Битка на Неретва“: Еве колку чинел и зошто славниот сликар се согласил

Најимпресивниот постер во историјата на балканските филмови беше „Битка на Неретва“, премиерно прикажан во 1969 година. Филмот на Веjко Булајлиќ е најскапиот филм снимен во СФРЈ. Сосема соодветно беше долгоочекуваниот филмски постер да го направи еден од најпознатите сликари од 20 век – Пабло Пикасо.

Интересно е што Пикасо во кариерата направил само два филмски постери. Едниот бил за легендарниот филм на Бунуел „Андалузиското куче“, а 40 години подоцна за „Битката на Неретва“. Постерот за филмот беше отпечатен во ограничено издание и секоја копија ја потпиша Пикасо.

„Скопје 63“ е документарен филм на Веjко Булајиќ, кој го освои Гран-при и Златната нимфа во 1964 година, како и Наградата на критичарите на фестивалот во Монте Карло. Тогашниот претседател на жирито, Мерел Ешдар, му покажал копија на филмот на неговиот близок пријател, кај кого престојувал за време на фестивалот – Пикасо. Сликарот бил воодушевен од филмот, па дури и лично му честитал на Булајиќ на затворањето на фестивалот.

Имајќи ја предвид оваа средба, Булајиќ го замолил Пикасо, преку неговиот агент, неколку години подоцна да направи постер за филмот „Битка на Неретва“.

Пикасо најпрво инсистирал на гледање на филмот и внимателно го проучувал. Тој се согласил да го наслика постерот, но под еден услов – сакал да добие дозвола целиот постер да биде црвен.

Меѓутоа, производителите и јавноста испаничиле, не знаејќи дали ќе можат да соберат пари за да платат за работата на големиот Пабло Пикасо. Сепак, Пикасо не сакал пари, тој само побарал да бидат испратени 12 шишиња најдобро вино од Југославија. Тој на плакатот користи дел од својата слика „Киднапирање на Сабињанка“.

Една копија од постерот е во музејот на Југословенската кинотека.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement