Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кој е за brownie со јагоди и кафе?

Brownie секогаш е добра идеја, а доколку ви досадија класичните рецепти со чоколадо, можете да го пробате овој интересен рецепт- brownie со кафе и јагоди во кое со сигурност сите ќе уживате, дури и децата, бидејќи има сосема мала количина на кафе.

Состојки:

  • 200 гр темно чоколадо
  • 113 гр путер
  • 3 јајца
  • 170 гр шеќер
  • малку сол
  • 1 лажичка арома од ванила
  • 125 гр брашно
  • 50 гр ситно сечкано чоколадо на мали коцки
  • 3 лажици какао
  • 1 espresso
  • јагоди

Состојки за прелив:

  • 200 мл слатка павлака за шлаг
  • 200 гр чоколадо

Подготовка:

  • Стопете го чоколадото со путерот
  • Изматете ги трите јајца со шеќер додека не добиете убава, пенаста смеса
  • Кога смесата е убаво бела додадете го еспресото, 3 лажици какао, арома од ванила и стопениот путер со чоколадо
  • Мешајте до соединување на целата смеса
  • Додадете го брашното и сечканото чоколадо
  • На тепсија ставете хартија за печење и истурете ја смесата
  • Печете 20-25 минути; колачот не смее сосема да се исуши, мора да биде мек и кога ќе го боцнете со чепкалка таа треба да биде влажна.
  • Додека се пече колачот измијте ги јагодите, отстранете им ги дршките и пресечете ги на половина
  • Кога колачот ќе биде готов наредете ги јагодите на површината на колачот, една до друга

Поготовка на преливот:

  • Стопете го чоколадото со павлаката на послаба температура и прелијте го врз јагодите

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement