Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Еве како да го отстраните непријатниот мирис од цигари од вашиот дом!

Мирисот на цигари е многу тешко да се отстрани од куќата откако ќе се навлече во завесите, облеката,ѕидовите, теписите и мебелот. Ние ви претставуваме неколку природни начини да се ослободите од него.

За почеток,позавршувањето на чистење на секој дел,сторете го следново:

1.Отворете ги прозорците широко.

2.Набавете прочистувач на воздухот кој треба да биде уклучен неколку дена.

3.Наполнете шише за распрскување со есенцијално масло (лимон или лаванда) и испрскајте го мебелот, внатрешноста на орманите и теписите.

Покрај тоа, одредени делови од вашиот дом се сметаат за најголеми собирачи на непријатниот мирис на цигари. Научете како да го исчистите секој од нив на најефикасен начин.

Тепих

Посипете голема количина сода бикарбона на тепихот. Оставете да отстои околу дваесет минути, а потоа пуштете правосмукалка. Содата ќе ги отстрани непријатните мириси од најдлабоките делови на тепихот.Ако цигарите се консумираат во вашиот дом со години, веројатно ќе треба да го повторите ова неколку пати.

 Ѕидови

Покрај долготрајниот мирис, чадот ќе остави и жолтеникава нијанса на ѕидовите. За да се ослободите од двете, навлажнете крпа со универзално средство за чистење и избришете ги сите ѕидови. Се разбира, пред тоа, направете тест на мал дел од ѕидот за да бидете сигурни дека чистењето нема да ја оштети нивната боја.Потоа, измешајте еднакви делови на алкохолен оцет и вода, нанесете на крпа и поминете ги сите sидови уште еднаш. Ако сè уште мириса на цигари, размислете за кречење на ѕидовите.

Тапациран мебел

Сигурно сте забележиле дека мирисот на цигари е најтежок и најбавен за отстранување од тапациран мебел. Можете да го избришете со алкохолен оцет разреден во вода или да го посипете со сода бикарбона, да почекате 24 часа и вакуумирате темелно.

Сепак, најдобриот совет би бил да побарате помош од професионални чистачи кои ќе ја завршат работата на најдобар можен начин.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement