Сочувствителна, со натпреварувачки дух и очигледно згодна – се карактеристиките што ја дефинираат Wonder Woman
Мора да признаеме дека сме фасцинирани од фактот дека Gal Gadot уште еднаш ќе се најде во улогата на хероина, Wonder Woman. Откако се воодушевивме од колекцијата на маички Miu Miu Wonder Woman, мора да признаеме дека бевме подеднакво задоволни со новата колекција House of Sillage.
Љубителите на Wonder Woman можат да ги подобрат своите колекции посветени на познатата Амазонка, со купување на најновата колекција Wonder Woman 1984, која содржи парфем и кармин, создадени во партнерство со Warner Bros. Мирисот на Wonder Woman 1984 е изразен и смел. Ќе ви даде доволно сила да го пронајдете патот и со страст да ја следите вашата судбина. Wonder Woman самата би била воодушевена од овие мултихроматски креации, кои потенцираат жестока женственост и забава.
Парчињата од колекцијата ќе ви дадат можност да ја ослободите вашата внатрешна божица, благодарение на нотите на малина и бергам, кои се потенцирани со бадеми, мошус и ванила. Ова шише се истакнува со рачно насликан ефект на море, креиран на најквалитетното француско стакло.
Пакувањето за кармин не потсетува на шише парфем, благодарение на слични, брилијантни мултихроматски нијанси. Благодарение на присуството на повеќе од 300 дијамантски сечени Swarovski кристали, убавата кутија за кармин прекрасно го имитира оклопот на Wonder Woman.
Конечно, можеме да кажеме дека целата колекција ќе биде достапна за купување од овој месец, а таа е ограничена на само 400 парчиња. Парфемот можете да го купите за 400 долари за 75 мл, додека карминот ќе биде достапен за 250 долари.



