Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

БЕСПРЕКОРЕН ЛУКСУЗ со потпис на ZAHE HADID – CITY OF DREAMS MORPHEUS

City of Dreams Morpheus е луксузен хотел лоциран во срцето на Макао

Оваа структура, која има навистина нетипична архитектура ви дава можност да уживате, додека дизајнот на ова ремек дело е потпишан од Zaha Hadid. Хотелот со пет ѕвезди се состои од 770 различни соби на четириесет спрата. На располагање ви се класични соби, апартмани или вили, додека за сите оние љубители на источниот луксуз, тука се трите апартмани со приватни базени. Хотелот има и шест дуплекс апартмани, и секој од нив, детално го има декорирано Piter Remedios. Панорамските лифтови ви даваат можност директно да стигнете до вашата соба. Базенот на покривот ќе ви овозможи спектакуларно искуство во пливање под ѕвездите. Спа центарот ве чека и тука, нудејќи ви крајна релаксација.

Хотелот нуди голем број на услуги, вклучувајќи и софистицирана гастрономска понуда, со два ресторани и слаткарница. Исто така, мора да потенцираме дека секоја просторија е украсена со парчиња од најголемите брендови, како што се Hermes, Acqua di Parma i Alessi.

Доколку планирате да го посетите Макао, предлагаме овој хотел да биде на вашиот список на желби.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement