Депресијата е сè почест проблем, а анксиозноста и негативните мисли не се ретка појава во современиот начин на живот. Забрзаното темпо нè присилува да работиме надвор од нашите граници и можности, така што често забораваме да се грижиме за менталното здравје, што е многу важно.
Причината за нашето страдање се нашите мисли. Ние сме она што го мислиме, затоа треба да се свртиме кон мислите што ќе направат да се чувствуваме добро. Кога сте презаситени од негативни мисли, секогаш свртувајте се кон техниките на рускиот психолог В. Лермонтов.
Методот се состои од 3 чекори:
- Усвојте нов начин на размислување
Негативното размислување е навика. Можеме да ја промениме секоја навика на едноставен начин. Така, заменете го негативното размислување со позитивно. Како? Секогаш кога се појавуваат негативни мисли, како што се: „Јас не сум доволно добар. Нема да успеам.”, Заменете ги овие мисли со позитивни:
„Јас сум доволно добар. Јас ќе успеам“.
- Запрашајте се дали таа мисла што ви се мота низ главата е блиску до вистината
Погледнете од сите страни, анализирајте. Разберете од каде потекнува таа мисла, без разлика дали ви е наметната или вие самите дојдовте до неа. Честопати усвојуваме критики на други луѓе и тие стануваат мисли што нè измачуваат и доведуваат до состојби на анксиозност. Размислете внимателно за тоа дали има некаква вистина во овие мисли или дали тоа е производ на вашите стравови.
- Погледнете ги работите од различна перспектива
Се разбира, од позитивна гледна точка. На пример, ако не ја добивте работата што ја посакувавте, и затоа моментално се чувствувате неуспешно и се критикувате, застанете за момент и размислете вака: Можеби таа работа не беше за вас. Можеби не сте задоволни или исполнети во таа работа. Сето тоа е прашање на перспектива. Како што мислиме, така ќе живееме.
Кога сте презаситени од негативни мисли, поминете низ овие 3 чекори и ви се гарантира дека ќе се чувствувате подобро.
