Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Тенерифе: Островот на среќата и вечната пролет (фото+видео)

Тенерифе е најголемиот од седумте Канарски острови сместени во Атлантскиот океан.

Кога некој ќе го спомне Тенерифе, ние обично погрешно размислуваме за некоја егзотична дестинација со бел песок и тиркизно море. Сепак, навистина е егзотично, но во овој случај, со црн песок и син океан.


Убавината на природата, благата клима во текот на целата година, безцаринската зона се само некои од причините зошто тие го нарекуваат „островот на среќата“ или „островот на вечна пролет“.

Од златните песочни плажи на југ, па до прекрасниот пустински пејзаж на Националниот парк Mount Teide, Тенерифе има за секого по нешто. Добрата клима привлекува туристи во текот на целата година, и е одличен избор за семејни, како и за романтични патувања.

Островот е од вулканско потекло и природата се обидела да му даде божествена убавина, така што повеќе од 40 проценти од површината е заштитена со закон, поради вулкани, ендемични видови или необични пејзажи.

Санта Круз


Главниот град Санта Круз, именуван по крстот што Шпанците го забоделе во земја, откако го освоиле островот, е неизбежна туристичка атракција поради нејзините прекрасни цркви, музеи, Шпански скали, каде секоја година се одржува еден од најпознатите светски карневали.

Недалеку од градот е плажата Терезита, позната по жолтиот песок, донесен од Сахара, што се разликува од сите други плажи на островот.

Змејско дрво

Една од најпопуларните атракции на островот – Змејското дрво лоцирано во Icod de los Vinos – е најстарото од ваков вид во светот и постои повеќе од 650 години. Бизарното име потекнува од необична течност која се лачи од исечената кора.

Источно од Icod de los Vinos е Вилафлор, село на најголема надморска височина во цела Шпанија.

Национален парк “Teide”

На островот доминира планинатa со врвoт на Teide, од 3.718 m (највисок врв во Шпанија) и вулкан, трет по големина во светот, кој последен пат бил активен во 1909 година. Врвот е практично покриен со снег во текот на целата година и е заштитен знак на островот, па затоа не е чудно што Тенерифе во превод значи „бела планина“.

Без разлика дали сте заинтересирани за спортови на вода, забава, лежење на плажа, можете да бидете сигурни дека ќе си поминете одлично на овој остров.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement