Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

новата вила на Еден славен youtuber

Популарниот YouTuber, се поднови со спектакуларна вила, која многумина од нас би ја нарекле куќа од соништата

Дејвид Добрик, влогер на „YouTube“, кој е лидер на познатиот ансамбл на „YouTube“, „The Vlog Squad“, креативниот канал кој е петти најгледан на платформата, со 2,4 милијарди прегледи, е навистина успешен. Тој, исто така, заработува пари со тоа што е дел од жирито на музичкиот натпревар на каналот Nickelodeon, има лансирано своја апликација за камери на мобилни телефони, David’s Disposable и се има појавено на “The Tonight Show” со Џејми Фелон.

Не е тајна дека Дејвид ужива во животот како вистинска sвезда, а неодамна, тој го прави тоа во својата нова зграда од 9,5 милиони американски долари, која се наоѓа во ридовите на Шерман Окс, Калифорнија. Добрик целата претходна година ја поминал во лов на совршена куќа, често објавувајќи слики со луксузни вили на својот профил на Инстаграм, сè додека не ја пронашол оваа.

Неговата нова вила има многу простор и природна светлина, вклучувајќи шест спални соби и седум бањи. Стаклените sидови и раскошните terrazzo подови ја украсуваат дневната соба, заедно со троседот во облик на L. Со лизгачки стаклени врати, екстериерот и ентериерот беспрекорно се вклопуваат во неговата вила, што му дава можност да ужива во погледот од секој агол на неговиот дом.

Кујната е модерна, опремена е со Miele уреди и е нагласена со мермерни работни површини, додека нејзиниот минималистички дизајн е заслужен за беспрекорниот амбиент. Главна спална соба нуди најдобар поглед на зајдисонцето, со прозорци од подот до плафонот, со ентериери кои се модерни, елегантни и нудат многу отворен простор.

Покрај тоа, вилата е опремена со вградена винска остава, која доаѓа со контролирана температура и доволно простор за 200 шишиња. Со оглед на трендовите во светот на славните, фитнесот е на прво место, дури и ако тоа не е ваша главна окупација, па затоа куќата на Добрик има совршено опремена теретана.

Сигурни сме дека фановите на познатиот YouTuber ќе бидат воодушевени од неговото домашно кино, кое е навистина прекрасно, но главна конкуренција се крие во надворешноста, која е подеднакво луксузна. Дворот на неговата вила е маестрално поделен на неколку простори, како на пример, чардак со логорски оган, базен со спа-дел, интимен дел со лулашки и густи тревници.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement