Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

KAGO MALDIVES – РАЈ НА ЗЕМЈАТА

Kago Maldives Spa Island е едно од највозбудливите одморалишта на Малдивискиот остров, кој ќе ги отвори своите врати оваа година.

Тоа што е возбудливо не е само добрата архитектура или вибрацијата на бутик-одморалиште, туку и заради понудата за wellness, што е навистина невообичаено. Ова не е обично одморалиште и спа, туку сеопфатно и мирно одморалиште. Таму би можеле да ги поминете деновите грижејќи се за себе, уживајќи во фантастичните и здрави оброци, кои ќе бидат придружени со сесии за јога. Сферичниот спа-агол сместен над лагуната, со својата јога просторија, придружена со звучна терапија и ресторанот Spa Corner, го направат ова одмаралиште најпосакуван рај на земјата.

Kago Maldives ќе понуди само педесет вили, со четириесет и лоцирани над лагуната. Секоја од нив е фантастично уредена, со смирувачки бели тонови, рустикален ѕиден декор и нежни парчиња мебел во кои едноставно сакате да потонете. Кога станува збор за дизајнот, Kago Resort се здружи со познатиот архитект, Јуџи Јамазаки. Во срцето на островот, постои спа и wellness club, со отворен покрив во неговиот централен дел. Кago, исто така, располага со најнапредна спортска сала, два ресторани, три барови, центар за нуркање и област за истражување на гребени. Гостите можат да избираат помеѓу три вида сместување – Beach Pool Vila, Lagoon Pool Villa i Ocean Pool Villa се на располагање, а секојa од нив e карактеристична со својата единствена локација, приватен базен, област за сончање и пространа бања на отворено.

Фузијската кујна што ќе се понуди во ова одморалиште, ќе биде инспирирана од географскиот прстен на оган што ги опкружува Малдивите, а ќе ја задржат својата зачинета и ароматична кујна на Источна Азија, огнените вкусови на Јужна Америка и Океанија.

Ќе понудат персонализирани wellness програми кои ќе ги одведат гостите на неколку авантури – Release, Restore i Regain. Алтернативните терапии вклучуваат третмани со звук и кристал, тренери за начин на живот и здравје, како и лекции за исхрана, со голем број на третмани за убавина и масажа. Оние кои се поавантуристички настроени можат да уживаат во голем број на спортови на вода, како што се дневно и ноќно нуркање и едрење.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement