Жените кои користеле канабис за време на бременоста имаат 1,5 пати поголема веројатност да родат дете со аутизам, рече авторот на студијата д-р Дарин Ел-Шар од Истражувачкиот институт во болницата во Отава.
Патем, претходните студии покажаа дека употребата на марихуана за време на бременоста е поврзана со мала тежина при раѓање, импулсивност, хиперактивност, проблеми со нарушување на внимание и други когнитивни и проблеми во однесувањето кај децата.
Една неодамнешна канадска студија испитала 2.200 жени кои рекле дека користат само марихуана за време на бременоста, т.е. без употреба на тутун, алкохол или други опијати. Студијата не вклучува количина и вид на марихуана што жените ја користеле за време на бременоста.
И додека студијата може да покаже само поврзаност, а не причина и последица, истражувачите велат дека дадоа се од себе за да ги отстранат збунувачките фактори.
Она што загрижува е фактот дека употребата на марихуана за време на бременоста расте низ целиот свет. Бидејќи марихуаната станува легализирана и повеќе социјално прифатлива, истражувачите за здравствена заштита се загрижени дека мајките кои мислат дека е безбедно да се користи како третман на утринска мачнина или да го користат ова растение рекреативно, и покрај недоволно истражување за долгорочните ефекти на марихуаната врз фетусот.
